Бизнис

Се подготвува ребаланс на буџетот – Каде и колку ќе се крати, а каде ќе се додава?!

Владата го подготвува ребалансот на буџетот, при што фокусот останува на заштита на животниот стандард, инвестициите и стабилноста на економијата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласува дека кратења ќе има, но тие нема да ги погодат клучните инвестиции и мерки за економски раст.

Во услови на глобална економска неизвесност, високи буџетски притисоци и обврски за отплата на стари долгови, Владата останува на курсот на фискална консолидација, но без ризик за економскиот раст и животниот стандард на граѓаните. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека фискалната стабилизација ќе се спроведува внимателно и постепено, со јасна цел – намалување на буџетскиот дефицит, но и зачувување на економската активност. Според неа, фискалната политика во 2026 година останува поставена во рамки на среднорочната стратегија на Владата, со приоритети насочени кон поддршка на економијата, заштита на стандардот на граѓаните и дисциплинирано управување со јавните финансии.

  • „Ќе одиме со фазно спроведување на фискалната консолидација, без нагли ограничувања, затоа што не сакаме да предизвикаме штети врз економијата и да го прекинеме циклусот на раст од околу 3,5 проценти што го имаме постигнато во последната година и половина“, истакнува министерката.

Таа нагласува дека целта е буџетскиот дефицит до 2028 година да се сведе на 3 проценти, а потоа и под тоа ниво, но без да се нарушат условите за економски развој. Според неа, фискалната консолидација повеќе не е само економска политика, туку неопходен механизам за создавање резерви во услови на постојани глобални неизвесности и можни идни кризи.

Димитриеска-Кочоска посочува дека овие принципи ќе останат непроменети и со ребалансот на Буџетот што веќе се подготвува во Министерството за финансии. Таа уверува дека Буџетот е ликвиден, сите обврски редовно се сервисираат, а исплатата на плати и пензии се одвива без проблеми. Таа се осврна и на состојбата со јавниот долг, наведувајќи дека последните податоци заклучно со првиот квартал од 2026 година покажуваат намалување на јавниот долг како процент од БДП во споредба со вториот квартал од 2024 година. Според неа, тоа значи дека економскиот раст бил поголем од апсолутниот раст на долгот, што укажува дека буџетските средства придонеле за економска активност и развој.

Истовремено, таа потсети дека Владата се соочува со сериозен товар од обврски преземени во минатото, кои доспеваат за отплата во наредните години. Минатата година беше отплатена еврообврзница од 500 милиони евра, а годинава доспева еврообврзница од 700 милиони евра, од која половина веќе е сервисирана, додека остатокот треба да се исплати во јуни 2026 година.

  • „Од 2026 до 2031 година оваа Влада има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра стари долгови по основ на главнина и камати“, посочува министерката.

Таа предупредува дека управувањето со јавниот долг станува особено чувствително кога нивото се приближува до психолошката граница од 60 проценти од БДП, бидејќи истовремено мора да се одржи стабилноста на јавните финансии и да се обезбедат средства за развој.

Димитриеска-Кочоска наведе дека јавниот долг во 2017 година изнесувал 4,78 милијарди евра, а до вториот квартал од 2024 година достигнал 8,87 милијарди евра, што претставува речиси двојно зголемување. Таа истакна дека само во периодот од втората половина на 2024 година до првиот квартал од 2026 година биле обезбедени 1,2 милијарди евра за сервисирање на еврообврзници, без да се пресметаат останатите обврски за проекти и домашно задолжување.

Министерката како особено важни ги издвои средствата насочени кон општините и 250-те милиони евра пласирани во економијата, кои моментално се евидентираат како дел од јавниот долг, но според неа, ќе се вратат во Буџетот и ќе придонесат за економски раст и развој.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Инфлацијата двојно пониска во однос на претходниот период, вели премиерот

Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада, оцени премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека вообичаено е во овој период да започне процедурата за ребаланс на Буџетот.

Сакам да работам: Вработените во легалните игри на среќа стануваат потенцијални жртви пред секоjа најава за избори

Очекуваме политичка партија Левица која прокламира левичарска идеологија и заштита на работничките права, да објасни како е можно да се залага 10.000 вработени да останат на улица, без егзистенција

Ристески во Будва на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“

Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција

Македонскиот „Грин Машинс“ БРАКО блесна на светскиот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

Најнови вести

To top