Бизнис

Почна исплатата на МојДДВ

На сметките на граѓаните ќе легнат вкупно 13,6 милиони евра

Започна исплатата на парите од МојДДВ за скенирани фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година, информираа од УЈП.

Исплатата се реализира етапно, согласно обработката на налозите.

Според објавените податоци, парите ќе добијат 528.447 корисници, а вкупно  бидат исплатени близу 836 милиони денари (13,6 милиони евра).

Од УЈП информираат дека кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата засега не може да се реализира додека не се коригираат податоците.

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па парите ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.

Од УЈП апелираат граѓаните кои сè уште не добиле пари од претходни или тековни исплати да ги проверат податоците за трансакциската сметка во апликацијата.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија добива оператор за пазарот на гас – Владата отвори пат кон поконкурентен пазар

Владата донесе одлука да се забрза формирањето на оператор за пазарот на природен гас, а работата ќе ја преземе МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне целата постапка и да подготви план за тоа како практично ќе функционира новиот пазарен оператор.

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

To top