Спорт

Македонските ракометари убедливо ја совладаа Словачка во Прешов

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка

Македонската ракометна репрезентација направи голем исчекор кон обезбедување учество на Светското првенство 2027 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Прешов ја победија Словачка со убедливи 31:24.

Победникот се наѕираше уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18:13).

Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови.

Вториот натпревар од бараж-пресметката ќе се игра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Мундијалот ќе се игра во Германија во јануари следната година.

Најнови вести од: Спорт

To top