Македонија

Ѓорѓиевски-Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН

Актуелните градски проекти, рамномерниот развој и соработката со меѓународните институции биле во фокусот на денешната средба во главниот град, соопштија од Град Скопје. Имено, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбиа.

Градоначалникот на Град Скопје,Орце Ѓорѓиевски денес оствари конструктивна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации, Рита Колумбиа, на која беа разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и Обединетите Нации. На средбата се разговараше за проектите што Град Скопје ги реализира со цел обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Како што информираше Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи, ова е нивна втора средба на која се отворени неколку клучни прашања за функционирањето на градот. Посебно внимание беше посветено на темите поврзани со зголемено користење на обновливи извори на енергија во јавните објекти, како и на создавање подобри услови и еднакви можности за лицата со попреченост.

Ова е втора средба меѓу претставниците на Град Скопје и Обединетите Нации, при што беше потврдена заедничката определба за продлабочување на меѓусебната соработка преку реализација на конкретни проекти од интерес за граѓаните. Соговорниците разговараа и за можностите за поттикнување на волонтерството и поголемо вклучување на младите во процесите на носење одлуки и креирање политики важни за развојот на градот.

Од Град Скопје истакнуваат дека ваквата соработка претставува значаен чекор кон создавање современ, инклузивен и одржлив град, кој рамномерно се развива и одговорно се грижи за потребите на сите граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top