Македонија

МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано.

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано.

Управните служби при МВР апелираат до граѓаните навремено да ги подигнуваат своите готови лични документи.

Благодарение на спроведената реорганизација и зголемениот капацитет, службите моментално работат со максимална ажурност и ефикасност.

„Пред нас е период кога традиционално се зголемува фреквенцијата на барања поради годишните одмори и пристигнувањето на нашите сограѓани од дијаспората. Со навременото подигнување на вашите готови документи уште сега, директно придонесувате да се задржи овој брз и ефикасен ритам на работа и да се спречи создавање на непотребни гужви и долги редици во пресрет на летниот период“, се вели во апелот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР ги повикуваат граѓаните да ја проверат важноста на своите документи и доколку веќе се фотографирале, навреме да ги подигнат. „Нашите служби ве очекуваат, а навремената реакција е во интерес на сите нас“, се додава во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top