Хроника

Косовски државјанин „летал“ со 203 км/час на автопат кај Смоквица

На тој дел од автопатот ограничувањето е 120 километри на час

Косовски државјанин е уапсен откако возел со брзина од 203 километри на час на автопат кај Смоквица, во место каде ограничувањето е 120 километри на час.

Сообраќајната полиција го исклучила од сообраќај.

Полицијата уапси косовски државјанин кој возел со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час.

Според информациите на МВР,  на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).

„При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, соопшти МВР.

Тој е исклучен од сообраќај и против него е поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Настанот се случил во понеделникот.

Најнови вести од: Хроника

За брзо возење 11 илјади казни и плаќање од 15 до 300 евра – Со примената на „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40 проценти

Повеќе од 58.000 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Скопје за неполни пет месеци, додека на ниво на целата држава, за време на првите четири месеци од неговата примена се издадени преку 11.000 казни за брзо возење. Бројките покажуваат дека системот станува еден од главните механизми за санкционирање на несовесните возачи, а од МВР велат дека сите камери на „Безбеден град“ се во функција, односно снимаат сообраќајни прекршоци.

Хаос со пловилата во Охрид, деветмина ги управувале пијани! Полицијата констатира 52 прекршоци кај 63 пловни објекти!

Во акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, вчера констатирани 52 прекршоци, девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохол.

Во голема полициска акција против дрога 23 лица уапсени во 10 градови во Македонија!

Полицијата во текот на изминатото деноноќие уапси вкупно 23 лица на подрачјата на Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево, откако кај нив или при претреси во нивните домови била пронајдена различна наркотична дрога.

Најнови вести

To top