Македонија

Гаши: Меѓуетничките односи се премногу важни за да се потпалуваат

Потпалувачите се неодговорни, непатриоти и недоволно ги сакаат својата држава и народ, смета собранискиот спикер

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за добивање дневнополитички поени.

„Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со примери, со дела треба да покажеме кој што прави. Но, во политика сум влегол во прилично тензична ситуација, каде што меѓуетничките односи не биле така сјајни, но упорно, не сум прифатил да бидам дел од тој наратив и тој политички дискурс и во својство на генерален секретар, и на опозициска партија, и на претседател на партија понатаму. Мислам дека овие односи се многу поважни, премногу важни и мислам дека тоа е единствениот или најбитниот столб на стабилноста во државата. И затоа сите треба да бидеме внимателни, најмногу ние политичарите. Сите тие кои не внимаваат на ова и потпалуваат, мислам дека се неодговорни, непатриотски, недоволно ја сакаат својата држава, својот народ, своите граѓани“, рече Гаши во гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

To top