Македонија

Албанците се за уставни измени, но ги почитувам чувствата на мнозинството Македонци, вели Гаши

Како сограѓани, не можете да одите против чувствата на тие граѓани докажани на избори со голема доверба, вели собранискиот спикер

Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека немаат промени ни тој, ни ВРЕДИ ни сите пратеници Албанци во ставот за уставните измени, но и оти не може да оди против чувствата на мнозинството Македонци.

„Нема ни транзиција во ставот, нема ни лицемерие. Искреност, истрајност, континуитет. Нашите ставови како ВЛЕН и мојот личен став е истиот. Ние мислиме дека треба да има уставни измени. Но, од позиција на претседател на Собрание… јас не зборувам во име на Африм Гаши кога зборувам како претседател на Собрание, ги искажувам државните позиции. И денеска тоа е позиција на мнозинството“, рече Гаши во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

„Нашиот став е јасен и непроменлив – и личниот, и на ВЛЕН, и на сите пратеници Албанци во Собранието, дали се во опозиција или на власт, мислам дека е јасно тоа. Кога зборуваме за оваа тема и кога се работи за политичката волја на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои во разговорите кои сме ги имале искажуваа дека се чувствуваат загрозени во однос на идентитетот, јазикот и историјата, вие како сограѓанин, како Албанец во овој случај, не можете да одите против тие чувства на тие граѓани, впрочем, кои се докажани на избори со голема доверба. И затоа, понекогаш почитта која ја искажувате спрема една политичка структура или пратеник, тоа е почитта која ја искажувате кон еден народ или една волја која е искажана на избори. И мислам дека е многу битно ова да се сфати. Ова е однос кон мнозинството Македонци кои тоа го мислат на таков начин, претставени преку 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пет на ЗНАМ, кои заедно соочинуваат 63 пратеника“, објасни тој.

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

To top