Македонија

Анализа на работата на министрите ќе каже кој си оди а кој останува во Владата

Таму каде што сè е во ред ќе се продолжи со работа

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во изјава за медиумите се осврна и на најавената реконструкција на Владата, која според најавите на премиерот Христијан Мицкоски треба да се реализира кон средината на јуни.

Дурмиши изјави дека ќе се направи анализа на работата на сите функционери, како во коалицијата ВЛЕН, така и кај владините партнери, при што најави можни промени таму каде што ќе се утврди потреба.

„Коалициските партнери, а сега и со консолидирањето на ВЛЕН во еден политички субјект, нормално е по овие две години да се направи анализа на работата на сите функционери, како и кај коалициските партнери. Таму каде што ќе има потреба да се зголеми капацитетот на работа, нормално дека ќе има промени на поединци или промени на ресори, а таму каде што сè е во ред ќе се продолжи со работа“, изјави Дурмиши.

Тој додаде дека по завршувањето на процесот на мониторинг, копретседателите на ВЛЕН ќе седнат на разговори со коалициските партнери за да се утврди како Владата ќе продолжи да функционира во наредните две години.

Најнови вести од: Македонија

Бесплатни автобуси за „Бела ноќ 2026“ во Скопје

По повод културната манифестација „Бела ноќ 2026“, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Манифестацијата ќе се одржи во сабота, 3 октомври, од 18:00 часот до 03:00 часот наредниот ден. Од ЈСП Скопје информираат дека бесплатниот превоз е организиран со цел граѓаните непречено да присуствуваат на настанот и навреме да […]

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и својот македонски јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

To top