Спорт

Аргентинецот Фабијани и официјално нов тренер на Вардар

Новиот македонски шампион го потврди наследникот на Седлоски на клупата на најтрофејниот клуб во Македонија

Аргентинскиот фудбалски стручњак Кристијан Фабијани ќе го води шампионскиот тим на Вардар по заминувањето на Гоце Седлоски заради фокус врз селекторувањето со македонската репрезентација, соопштија од најтрофејниот клув бо Македонија.

„Добредојде во црвено-црното семејство, Cristian Fabbiani!

Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал.

‘Болен сум по тактика’ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво.

Пред нас е нова ера и нов предизвик.
Да почнеме заедно. 🔴⚫
Добредојде, тренеру! 💪“, објави Вардар на Фејсбук.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top