Бизнис

Онлајн трговците збунети – не знаат на кој јазик да ги продаваат производите

Според Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на обврските за двојазични декларации и информации можат да достигнат и до 5.000 евра, во зависност од големината на компанијата. Дополнително, казни се предвидени и за одговорното лице во фирмата односно оној кој ја води онлајн продавницата.

Македонија се наоѓа во период кога дигиталната трговија расте побрзо од институционалниот надзор. Со ова, сè погласни стануваат и дебатите дали онлајн продавниците, профилите на социјалните мрежи инстаграм, Фејсбук и дигиталните реклами мора да бидат достапни и на албански јазик. Во зависност од тоа од кај град се поплаките, дел од граѓаните зборуваат за нерамноправен пристап до пазарот, а трговците велат дека државата не поставила јасни и унифицирани правила, објави МКД.мк.

Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе врши контроли, изрекува опомени и казни, согласно Законот за електронска трговија, Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите и обврската на онлајн трговците за таканареченото преддоговорно информирање на службените јазици во Македонија.

  • „Ние сме онлајн продавница и работиме виртуелно низ целата држава. Не знаеме кои јазични правила важат за нас. Ако законот се толкува според тоа кој јазик е над 20 проценти во одредена општина, тогаш се поставува прашањето, на кој јазик сме должни да ја преведеме веб-страницата? Во Струга, Кичево или Гостивар тоа е албанскиот јазик, но во други средини како Куманово може да се отвори прашањето за српскиот јазик, во одредени општини за турскиот, а во Шуто Оризари и за ромскиот јазик. Интернет-продавницата не функционира како локална продавница во една улица или еден град, туку е достапна од секаде. Ние не бегаме од обврски и не сме против ниту еден јазик, но ни требаат јасни и прецизни правила. Во моментов, малите бизниси се ставени во ситуација сами да толкуваат закони и да стравуваат дали утре ќе добијат инспекција или казна затоа што производите не се преведени на потребниот јазик. За големите компании можеби тоа не е проблем, да ангажираат тимови преведувачи, но за малите е-трговци тоа е сериозен финансиски товар“, сведочи за МКД.мк, Р.Д., онлајн трговец на облека од Скопје.

Согласно Законот за заштита на потрошувачите трговецот е должен информациите што се однесуваат на преддоговорното информирање на потрошувачот да му ги даде напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на територијата на Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици. Оваа одредба соодветно се применува и на договорите за туристички пакет-аранжмани и за поврзани патнички аранжмани.

Незадоволството меѓу трговците и купувачите не е ограничено само на интернет-просторот. 50 годишниот стружанец, П.М. раскажува дека во новоотворена пекарница во градот сакал да купи доручек, но не можел да ги прочита ниту имињата на производите, ниту цените кои биле напишани само на албански јазик.

  • „Неодамна посетив нова пекарница во Струга. Забележав дека целото мени и цените се напишани исклучиво на албански јазик“, вели тој.

Од другата страна, дел од албанските потрошувачи на социјалните мрежи реагираат дека онлајн продавниците често нудат производи, декларации, услови за купување и упатства исклучиво на македонски јазик. Особено чувствителни за нив се производите поврзани со здравје, козметика, техника и додатоци во исхрана, каде што недоволното разбирање на информациите може директно да влијае врз безбедноста на корисниците.

Од ДПИ потврдуваат дека ваквите проблеми постојат и за МКД.мк велат дека контролите се спроведуваат врз основа на законите и дека целта на редовните и вонредните надзори како и постапувањето по пријави од граѓаните е ставање во законска рамка на работењето на онлајн продавниците, како и заштита на правата на потрошувачите. Од ДПИ појаснуваат дека ова не се однесува само на трговци кои продаваат исклучиво онлајн туку и на трговците што имаат дуќани (физички продавници), каква што е пекарницата во Струга.

  • „Со оглед на фактот дека обврската на трговецот за предавање на потрошувачот на документите што ги изготвил производителот, увозникот или продавачот на големо, заради полесно и посигурно користење на стоките или услугите, при испораката на стоката или извршувањето на услугата е пропишана со член 37 од Законот за заштита на потрошувачите, истата се однесува и за производи што се продаваат исклучиво онлајн, без физичка продавница“, велат за МКД.мк од Државниот пазарен инспекторат.

Оттаму дополнуваат дека најчесто предмет на контрола се техничките производи, облека и обувки. Онлајн трговците збунети од различни толкувања на законот. Дел од малите бизниси тврдат дека проблемот не е во двојазичноста, туку во различното толкување на правилата.

Од ДПИ признаваат дека контролата врз продавниците што работат исклучиво преку социјални мрежи е ограничена.

  • „Државниот пазарен инспекторат има ограничен механизам за контрола на онлајн продавници што функционираат исклучиво преку социјални мрежи како фејсбук и инстаграм, поради недостапност на информации за трговецот, а за што ги предупредува потрошувачите и на својата веб страница. Доколку некој граѓанин е измамен преку онлајн продавница, истиот треба да поднесе пријава за измама до МВР-Сектор за компјутерски криминал“, велат од ДПИ.

Од инспекторатот дополнуваат дека обврската за јазикот на декларациите важи за сите производи, вклучително и увозните производи. Сепак, овие правила не важат и за произвидите што се нудат на странските платформи затоа што ДПИ нема надлежност да ги контролира.

  • „Во однос на странските онлајн платформи, Дражвниот пазарен инспекторат не е надлежен да постапува од причина што истите не се регистрирани за вршење на трговија во Македонија“, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ не појаснуваат дали инспекторатот прави разлика помеѓу опис на производ на интернет-страница и официјална декларација на самиот производ.

  • „Декларацијата на самиот производ е пропишан документ согласно член 38 од Законот за заштита на потрошувачите“, кусо одговараат од ДПИ.

Според Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на обврските за двојазични декларации и информации можат да достигнат и до 5.000 евра, во зависност од големината на компанијата. Дополнително, казни се предвидени и за одговорното лице во фирмата односно оној кој ја води онлајн продавницата.

  • „Согласно Законот за заштита на потрошувачите, глоба во соодветен износ, од 500 до 5.000 евра во денарска противвредност во зависност од големината на субјектот, како и глоба во износ од 150 до 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице, ќе се изрече за прекршок, доколку трговецот не ги почитува обврските при предавањето документи и другите поврзани обврски согласно со одредбите од овој закон. За утврдените неправилности при предавањето документи и другите поврзани обврски согласно со одредбите од овој закон, инспекторот со решение изрекува опомена со рок за утврдување на утврдените неправилности и недостатоци“, објаснуваат од ДПИ.

На ваквите одлуки и решенија на Државниот пазараен инспекторат, онлајн трговците имаат право на жалба во рок од 15 дена од изрекувањето на опомената односно казната.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Азески им врачи награди на Пленковиќ и на Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, им врачи награди на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција, во рамки на посетата на хрватската делегација во Македонија.

Грција и Бугарија забрзано ја развиваат рударската индустрија, Македонија тапка в место

Можностите што ги носи рударската индустрија во Македонија се пропуштаат и проектот во Иловица не стартува иако станува збор за почетна инвестиција од 340 милиони евра, што доведува до зголемување на БДП за 3% на годишно ниво и е со просечна вредност на извоз од околу 180 милиони евра на годишно ниво.

Мора да се стави крај на издавањето на црно апартмани преку „Booking“ и „Airbnb“

Европската комисија ја предложи регулативата уште во 2022 година, откако повеќе европски градови предупредуваа дека масовното краткорочно изнајмување влијае врз цените на домувањето и создава дополнителен притисок врз локалната инфраструктура. Според ЕУ, една од главните причини за воведување на новите правила е недостигот на сигурни и стандардизирани информации за сопствениците, локациите и за времетраењето на изнајмувањето, што досега им отежнувало на институциите да го следат пазарот и да носат соодветни политики.

Цените на становите во Скопје растат, ама и не се продаваат – до кога?!

Според Народната банка, во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишна основа и за 0,1% на квартална основа, што укажува на поумерено зголемување во споредба со минатата година. Во текот на изминатата година, зголемувањето на цените е значително поголемо: во првиот квартал 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1% и во четвртиот 25%.

Почна продажбата на курбан, една овца се продава и до 400 евра

Сточарството во тетовскиот регион се соочува со една од најсериозните кризи во последните децении, директно погодено од бранот на иселување на младите и недостатокот на интерес за наследување на традиционалните занаети. Според самите сточари, бројот на добиток драстично се намалил, бидејќи младите генерации ги напуштаат селата, оставајќи ги само постарите да се грижат за малкуте преостанати стада.

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивни контроли и ќе ги преземаат сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законските прописи.

„ЕСМ“ со паметна стратегија: Преку викенд набавки на струја по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

АД ЕСМ покажува сигнали на консолидација на финансиски план после огромни предизвици во сите сегменти на работењето, наследени од претходните раководства во периодот 2017-2024 година.

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики

Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7%, наспроти ниво од под 19% пред пандемијата, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на 2,5%, во однос на околу 6% пред кризата

To top