Свет

Пак скокнаа цените на нафтата!

Неделава, цената на нафтата нагло падна со надеж дека наскоро ќе се постигне договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три отсто по синоќешните нови напади на мериканската војсна врз ирански цели (по што следеше одговор) цените на нафтата на светските берзи порасна за близу четири насто.

Американската војска пак изврши напад врз Иран

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел.

Фјучерсите на американската нафта „Западен Тексас Интермедијар“ (ВТИ) се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.

Претходно, двата референтни индекси забележаа пад од повеќе од пет отсто и го достигнаа најниското ниво во последниот месец, поради надежите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и податоците од САД, според кои залихите на сурова нафта минатата недела се намалиле за 2,8 милиони барели.

„Снабдувањето со нафта останува ограничено, а клучните проблеми сè уште не се решени“, сметаат аналитичари.

Глобалните цени на дериватите драстично се менуваа од почетокот на конфликтот, при што суровата нафта „брент“ накратко скокна на околу 120 долари за барел.

Пред војната се тргуваше по цена од близу 70 долари.

Оваа недела цената на нафтата нагло падна со надеж дека наскоро ќе се постигне договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец.

Најнови вести од: Свет

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

To top