Македонија

Премиерот очекува детали за идејата за постепена интеграција во ЕУ на самитот во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е заинтересирана да дознае повеќе детали за предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија. Мицкоски потврди дека ќе присуствува на претстојниот Самит на Европската унија и Западен Балкан во Тиват, каде што очекува да бидат претставени подетални информации за новите европски иницијативи.

  • Овие идеи и размислувања ги слушаме подолго време, но не би можел да коментирам додека не станат официјални. Канцеларот Мерц најави ваков развој уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува на самитот во Тиват, кој ќе се одржи на 4 и 5 јуни, да бидат претставени повеќе детали за концептите и можностите што се разгледуваат за регионот.

  • Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавност – истакна премиерот.

Според медиумските информации, германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо до европските лидери предложил нови модели за забрзана интеграција на земјите кандидати. За Украина е предложен модел на „асоцијативно членство“, додека за земјите од Западен Балкан и Молдавија се предлага постепено вклучување во европските институции и привилегиран пристап до внатрешниот пазар на Унијата.

Мерц смета дека ваквиот пристап би можел да создаде нова динамика во процесот на проширување и да придонесе за побрзи реформи во земјите кандидати, како и за зајакнување на геополитичката улога на Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top