Хроника

Возачот кој предизвикал сообраќајка во која загина 19 годишник, бил под дејство на наркотична дрога

Не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија со возилото „БМВ“ навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 31-годишниот возач на автомобилот „Ауди А4“, кој е осомничен за тешката сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист.

Според Обвинителството, осомничениот се товари за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Осомничениот 31-годишник на 29 мај во вечерните часови управувал автомобил ‘Ауди А4’ по булеварот ‘Никола Карев’ и кога дошол до крстосницата со улицата ‘Прохор Пчињски’, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата“, информираат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека возачот го управувал автомобилот под дејство на наркотична дрога, што е спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во несреќата, со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл „БМВ“, управуван од 19-годишниот М.Ф., додека во задниот дел на возилото удрил и мотоцикл „Хонда ХДВ“, кој се движел во иста насока.

Од силината на ударот, мотоциклистот М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top