Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија, а не нови македонски отстапки

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат Венко Филипче и неговата партија

 

Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања.

Мицкоски до Кошта: Не бараме привилегии и олеснети правила, бараме принципи и предвидлив процес

Венко Филипче и СДС повторно ја промовираат истата политика на попуштање и сервилност, која со години ги поткопуваше македонските национални позиции. Филипче ги повторува и нуди истите грешки на Заев и Ковачевски кои ја ставија земјата во ќор-сокак,се вели во денешното соопштение од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека Венко Филипче сѐ почесто настапува со позиции кои се совпаѓаат со официјалните ставови на Софија, наместо со ставовите и интересите на македонските граѓани. Наместо да бара реципроцитет и почитување на македонските позиции, тој нуди нови отстапки и враќање кон политиките кои граѓаните веќе ги отфрлија.

„Наместо СДС и Филипче да ги бранат државните интереси, тие се подготвени на нови отстапки без никакви гаранции и резултати за Македонија.

Граѓаните јасно порачаа дека ја поддржуваат европската иднина на државата, но не по цена на нови понижувања, условувања и негирање на националниот идентитет. Европската интеграција не смее да биде процес во кој само Македонија исполнува обврски, додека другата страна останува без одговорност.

Националните интереси и идентитет не смеат да бидат предмет на преговори и отстапки.

Времето на еднострани отстапки заврши, време е за реципроцитет.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на европскиот пат, но нема да прифати уцени, диктати и дополнителни барања кои не се дел од европските критериуми.

Очекуваме и Бугарија да ги исполни своите обврски, вклучително и почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, велат од ВМРО-ДПМНЕ откаде ппорачуваат дека владејачката партија ќе продолжи достоинствено, одговорно и принципиелно да ги брани државните и националните интереси и нема да дозволи евроинтегративниот процес да се претвори во средство за нови уцени кон македонскиот народ и држава.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top