Колумни

Чии се светите браќа?

Ниту една нивна мисија не е поврзана со територијата на современа Бугарија

Празникот на светите браќа Кирил и Методиј повторно помина во знакот на свечености, академии, пригодни говори и потсетувања на нивното огромно духовно и културно наследство. Но речиси по правило, секоја година одново се отвора и едно друго прашање – кому му припаѓаат Свети Кирил и Методиј? Дали биле Грци, Бугари, Словени, Македонци или нешто друго? Современите национални наративи често се обидуваат да ги вметнат во сопствените историски рамки, претворајќи ги во предмет на натпревар наместо во личности што ги надминуваат сите поделби.

Проблемот не е во интересот за нивното потекло. Проблемот е во анахронизмот. Луѓето од IX век се толкуваат преку категориите на XXI век. Историските личности се сместуваат во национални матрици што во нивното време едноставно не постоеле во денешната форма. На тој начин, наместо да ги разбереме, ние ги приспособуваме на нашите современи потреби.

Кога денес читаме дека Свети Кирил и Методиј биле „Грци, просветители на Словените“, најчесто несвесно го внесуваме модерното значење на зборот „Грк“ во едно сосема поинакво време. Светите браќа се родени во Солун и живееле во државата што денес историчарите ја нарекуваат Византија. Но самите нејзини жители не се нарекувале Византијци. Тие себеси се именувале како Римјани, односно Ромеи, сметајќи се за продолжение на Римската Империја. Нивната држава официјално била Римска Империја, а не некаква грчка национална држава.

Уште повеќе, во тогашниот христијански свет називот „Елин“ или „Грк“ долго време имал претежно религиозно значење. Тој често се поврзувал со паганството и старите многубожечки култови. За ревносен христијанин од IX век, поважно било да биде припадник на Црквата и на Римската Империја отколку носител на етнички идентитет во модерна смисла. Затоа е погрешно нивното дело да се сведува на доказ за денешни национални проекти.

Од друга страна, факт е дека бугарската држава веќе била значаен политички фактор уште од VII век, а во IX век се наоѓала во период на подем. Но од тоа не следува дека Свети Кирил и Методиј можат едноставно да се дефинираат како „бугарски просветители“ во националната смисла што денес ја подразбираме, особено ако се земе предвид дека ниту една нивна мисија не е поврзана со територијата на современа Бугарија. Дополнително, клучен за разбирање на нивното дело е фактот дека нивната мисија не била насочена кон создавање една национална култура, туку кон ширење на Евангелието и создавање услови словенските народи да го слушнат Божјото слово на разбирлив јазик.

Всушност, токму нивните животи сведочат колку малку националните категории можат да објаснат што навистина претставувале.
Константин Филозоф, кој подоцна ќе го добие монашкото име Кирил, бил еден од најобразованите луѓе на своето време.

Образуван во престолнината Константинопол, ги изучувал тогашните науки, филозофијата, богословието и јазиците. Неговиот брат Методиј, пак, имал поинаков животен пат. Извршувал високи административни должности пред да се повлече во монашки живот. Двајцата браќа биле личности што можеле да направат блескава кариера во државната хиерархија, но избрале поинаков пат – пат на служба.

Особено е интересен податокот што се наоѓа во „Панонските легенди“. Кога императорот им ја доверува мисијата меѓу Словените, им вели: „Вие сте солуњани, а сите солуњани добро говорат словенски“. Оваа реченица е драгоцен историски извор. Таа не го открива нивното етничко потекло, како што понекогаш се тврди, туку сведочи за јазичната и културната средина во која живееле. Солун бил голем град опкружен со словенско население, па познавањето на словенскиот јазик не било исклучок, туку предност што им овозможила да ја извршат својата мисија.
Токму тука лежи и нивната вистинска големина.

Свети Кирил и Методиј не отишле во Велика Моравија за да создадат нов народ, ниту за да наметнат туѓа култура. Тие не дошле како носители на асимилација. Во епоха кога големите цивилизации најчесто ги ширеле своите јазици и обичаи врз помалите народи, светите браќа избрале сосема поинаков пристап. Наместо Словените да бидат принудени да станат Грци или Латини за да бидат христијани, тие покажале дека Евангелието може да се проповеда и на нивниот мајчин јазик.

Тоа е навистина револуционерна идеја за своето време. Создавањето на словенската писменост и преведувањето на богослужбените книги не биле културен проект сам по себе. Тоа било средство за една повисока цел. А таа цел била спасението на човекот и неговото воведување во животот на Црквата. Нивната мисија почнува како просветна, но суштински останува духовна.

Писменоста не е целта; таа е патот. Книгата не е идол; таа е средство преку кое човекот ја среќава Вистината.
Затоа и денес не треба да ги разбираме Свети Кирил и Методиј само како културни реформатори. Тие пред сè биле светители. Нивниот идентитет бил обликуван од Христос, а не од нацијата. Свети Кирил го завршува својот живот како монах во Рим. Свети Методиј добива архијерејско достоинство од Римската црква и ја продолжува мисијата меѓу словенските народи и покрај многубројните искушенија и противења. Во нивните биографии нема борба за национални права, туку борба за правото секој човек да го слушне Божјото слово на јазик што го разбира – вредност што, за жал, и денес некои не можат да ја прифатат и разберат.

Можеби токму затоа нивното наследство е толку големо и толку трајно. Нивното дело не останало ограничено на една држава или на еден народ. Од него произлегла цела цивилизација. Нивните ученици го продолжиле започнатото дело, а словенската писменост и христијанска култура се рашириле низ огромни простори на Европа. Малку личности во историјата оставиле толку длабока трага врз духовниот и културниот развој на толку многу народи.

Но токму поради тоа е несоодветно нивната големина да се сведува на национални етикети. Давајќи им современи национални атрибути, ние не ги возвишуваме, туку го намалуваме нивното значење, па дури и го фалсификуваме нивниот вистински идентитет. Ги сведуваме на мера што е помала од нивното вистинско историско значење.

Во времето во кое живееме, кога идентитетските спорови сè почесто ја заменуваат вистинската историска и духовна перспектива, светите браќа нè потсетуваат на нешто суштинско. Човекот може да биде навистина просветен само кога знае за што му служи знаењето. Писменоста без мудрост е техника. Културата без вистина е украс. Образованието без духовност лесно се претвора во средство за гордост и поделба.

Свети Кирил и Методиј нè учат на спротивното. Тие покажуваат дека вистинската просвета произлегува од духовноста. Не случајно нивната просветителска дејност извира од нивниот светителски живот. Не прво научници, па потоа христијани, туку прво христијани, а токму затоа и големи просветители.
Можеби токму ова е најважната порака од нивниот празник. Наместо да влегуваме во ќор-сокакот за тоа чии биле, подобро е да се запрашаме дали сме достојни наследници на нивното дело. Зашто нивната вистинска припадност не е кон една современа нација, туку кон една цела христијанска цивилизација што помогнале да се роди. А делата што ја надживуваат историјата секогаш им припаѓаат на сите што успеваат да ја разберат нивната вистинска големина.

проф. д-р Виктор Недески

Авторот е продекан на Православниот богословски факултет
„Свети Климент Охридски“ при УКИМ во Скопје

Најнови вести од: Колумни

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Пропагандниот циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

To top