Регион

Бугарија да се извини за непризнавањето и репресијата врз македонското малцинство

Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија за македонското малцинство во Бугарија. 

Од ЕФА бараат Бугарија да ги спроведе 14-те случаи кои се однесуваат на македонското малцинство, а кои ги изгуби пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во декларацијата се посочува дека и макеоднското малцинство во Бугарија се соочува со сериозна криза на човековите права во рамките на земјите од ЕУ.

ЕФА (European Free Alliance) е признаена европска политичка партија, односно политичко семејство составено од партии што претставуваат региони, малцинства, народи без држава и движења што бараат поголема самоуправа, културни права и заштита на јазичната и идентитетската различност во Европа.

Во неа членуваат партии од различни европски земји, меѓу кои шкотски, каталонски, фламански, баскиски, корзикански, фризиски, војводински и други регионални и малцински политички организации. Меѓу членките на ЕФА се наведени и ОМО Илинден-Пирин од Бугарија, Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија, како и Виножито од Грција.

Стерјовски: Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа

Новата декларација, усвоена на годишното собрание на ЕФА, е насловена како „Континуирана репресија врз македонското малцинство во Бугарија и барање за официјално извинување од Бугарија за нејзините злосторства за време на комунистичкото владеење“ и беше поднесена од ОМО Илинден-Пирин.

Во документот се зборува за Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на етничкиот идентитет и спротивставување на политиките на денационализација.

ЕФА бара и поголем притисок врз Бугарија за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации. Ова е една од најчувствителните точки, бидејќи македонските здруженија во Бугарија со години се соочуваат со одбивања за регистрација, иако меѓународни институции постојано укажуваат на проблеми со слободата на здружување.

Алијансата го отвора и прашањето за двојни стандарди во Европската Унија. Според логиката на декларацијата, земјите кандидатки често се оценуваат строго за малцински права, додека земја членка како Бугарија може со години да избегнува политичка одговорност за истите прашања.

Најнови вести од: Регион

Албанската мафија ги сопна Кушнер, кој е зет на Трамп, и неговиот мега-проект

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивниот мал остров, бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал.

To top