Колумни

Штепан до Македонците: Бугарите говорат македонски јазик, а не бугарски, сакаат да ви го украдат и идентитетот, а зад „играта ‘влегување во ЕУ“ се крие Голема Бугарија! (3)

Сегашните агресивни обиди да се вметнат „државотворните Бугари“ во највисокиот правно-политички акт на македонската држава се нова сериозна индикација дека бугарскиот народ можеби сѐ уште нема свој целосно искристализиран национален идентитет, бидејќи ферментацијата, созревањето на слоевите на националниот идентитет трае многу векови. Согледувајќи ја оваа „идентитетска дупка“,  германскиот дипломат и историчар Ханс Лотар Штепан, потпирајќи се на многубројните свои истражувања на дипломатските архиви на германското министерство за надворешни работи  и на други историски факти, ќе нагласи дури во категорична форма дека бугарскиот јазик е поправо македонски јазик, а оти Бугарите се обидуваат да им го украдат на Македонците македонскиот идентитет. Штепан предупредува дека Бугарија ги крие овие свои стремежи, како што нагласува зад „играта наречена влегување во ЕУ“!

Пишува: Свето Тоевски

Софија сака со Македонците да ги „пополни“ и своите катастрофални „демографски дупки“ преку проектот „Бугари во устав“?!

Бугарија бележи еден од најдраматичните падови на бројот на жители во Европа и е апсолутен рекордер по загуба на население на Балканот, како во поглед на вкупниот број, така и според процентот. Од падот на комунизмот во 1989 година земјата има изгубено над 2 милиони жители. Според официјалниот попис на населението од 2021 година, Бугарија има 6,5 милиони жители, што е пад од речиси 850 илјади лица само за една деценија, поради масовната емиграција (потрага по подобар економски стандард во другите ЕУ земји) и високата стапка на смртност во однос на наталитетот. А сега бугарските политичари најотворено бројат колку има, пак, „Бугари“ во Македонија, за да ги пополнат со нив веројатно и своите катастрофални „демографски дупки“! Но, ако ако им се дозволи да успеат во таа намера преку проектот „Бугари во устав“…

Ханс Лотар Штепан: Денес јазикот на Бугарите се нарекува „бугарски јазик“, само затоа што некако успеаја нивната земја да ја наречат Бугарија, а нивниот јазик „бугарски“, тие говорат македонски јазик!

Германскиот дипломат и историчар Ханс Лотар Штепан, авторот на прочуената историографска студија за македонското прашање и идентитетот на Македонците „Македонскиот јазол“, во едно интервју за македонската телевизија, потпирајќи се на мноубројните свои истражувања на дипломатските архиви на германското министерство за надворешни работи  и на други историски факти, ќе нагласи дури во категорична форма дека бугарскиот јазик е поправо македонски јазик, а оти Бугарите се обидуваат да им го украдат на Македонците македонскиот идентитет, криејќи ги овие свои стремежи, како што предупредува, зад „играта наречена влегување во ЕУ“!

Директно обраќајќи им се на Македонците преку тоа вонвременско интервју Штепан ќе каже и ќе предупреди: „Вие ќе опстоите и без членство во ЕУ. Но, ако влезете и ако се откажете од своето име и им кажете на Бугарите ‘Да, ние сме Бугари!’“, тогаш тоа ќе претставува анахронизам. Бугарите се населиле на Балканот после вас. Тие беа асимилирани од Словените и го прифатија словенскиот јазик. Тие го зборуваат вашиот јазик, а не вие нивниот! Денес нивниот јазик се нарекува ‘бугарски јазик’, само затоа што некако успеаја нивната земја да ја наречат Бугарија, а нивниот јазик ‘бугарски’! А сега сметаат дека треба да се преправаат оти Македонија е Бугарија. Тоа е анахронизам, тоа е игра! Тоа се нивните сништа за Голема Бугарија! Тие треба да се откажат од идејата да станат ‘големи’ и да се задоволат со тоа што го имаат, а не да обвинуваат и да малтретираат други луѓе и да се обидуваат да им ги украдат правата! Тие сакаат да во го украдат идентитетот, но вие не смеете да се предадете“!

Во изготвувањето на овој серијал на колумни авторот со посебна намера има користено само европски експерти и делумно бугарски, а ниеден македонски експерт, стремејќи се да се спречи и помисла дека целта е да се изнесува „говор на омраза кон Бугарија и Бугарите“. Сосема спротивно на тоа: изнесен е само објективниот јазик на науката, со пренесување на автентичните научни согледувања на цитираните доктори на науки, кои се и универзитетски професори во угледни европски универзитети и научно-истражувачки институции. Сите наведени научни истражувања од меѓународните истражувања и научници немаат никаква цел да предизвикаат негативен поглед кон Бугарите, ниту да го негираат нивното денешно постоење. Тие се денес засебен народ со свој бугарски идентитет и јазик, и покрај поврзаноста со неговиот етнојазичен оригинал – Македонците и македонскиот јазик. Целта е да се посочи дека е бесмислено чие било негирање или омаловажување, било на сметка на едниот, било на сметка на другиот народ. Иднината на Балканот треба да се гради со многу поголема упатеност на народите меѓу себе, врз нивното заемно признавање, почитување и соработка, врз принципите на вистинското и заемно корисно добрососедство. Не може да има и ниту ќе има иднина на Балканот со одрекување на постоењето на македонскиот народ, на македонскиот јазик, историја и култура.

(крај)

(Авторот изнесува во колумната согледувања од своја научно заснована политичко-историска анализа, која не одразува ставови на ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top