Свет

Орбан повторно избран за претседател на ФИДЕС

На конгресот на партијата на експремиерот на Унгарија беше усвоена резолуција со која се отфрла пактот на ЕУ за миграција

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска беше реизбран за претседател на Унгарскиот граѓански сојуз (ФИДЕС) на 32. конгрес на партијата што се одржа во Будимпешта.

Орбан, кој беше единствен кандидат, ја доби довербата на делегатите на тајно гласање и беше избран за едногодишен мандат со 729 гласови од 737 важечки, објавува агенцијата МТИ.

Делегатите го усвоија извештајот на Националниот одбор и речиси едногласно прифатија документ во кој се анализираат причините за изборниот пораз на партијата.

Исто така, беше усвоена политичка резолуција со која се отфрла пактот на ЕУ за миграција и се протестира против она што беше опишано како „присилно отстранување на демократски избрани функционери“.

Со измените на Статутот се реорганизираше структурата на партијата ФИДЕС, која во иднина ќе биде усогласена со системот на локална самоуправа, и се прошири Националниот одбор на партијата на 28 члена.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top