Македонија

Нови правила на патарините од 15 јуни – Што мора да знаат возачите?!

На сите наплатни станици во државата стапуваат на сила новите правила за користење на лентите за електронска наплата, со кои лентите означени со „M-Tаг“ ќе бидат резервирани исклучиво за возилата што користат електронски тагови. Од ЈПДП потсетуваат дека со оперативните измени во системот за наплата се укинува можноста корисниците на M-Кард да плаќаат на M-Tаг лентите. Наместо тоа, тие ќе треба да ги користат другите ленти на наплатните станици, согласно со нивната намена.

Јавното претпријатие за државни патишта ги потсетува возачите дека од полноќ, односно од 15 јуни, стапуваат во сила измените во системот за наплата на патарините, со кои лентите означени за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електронските уреди за наплата. Од ЈПДП апелираат граѓаните пред пристигнување на наплатните станици внимателно да ги следат информативните електронски табли и да ја изберат соодветната лента според начинот на плаќање.

  • „Лентите означени за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. Со оваа измена се укинува можноста за наплата со М-Кард на лентите предвидени за М-Таг“, информираат од претпријатието.

Според новата организација, лентите ќе бидат поделени на: наплата со М-Таг, наплата со М-Кард, наплата со готовина и М-Кард. Од ЈПДП посочуваат дека корисниците на М-Кард ќе треба да ги користат останатите достапни ленти согласно нивната намена. Воедно, се апелира и на почитување на сообраќајната сигнализација на наплатните станици. Зелената стрелка означува дека лентата е активна и отворена за сообраќај, додека црвениот икс (X) означува дека лентата е затворена.

Од претпријатието предупредуваат дека непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои, да ја намали ефикасноста на наплатата и да влијае врз безбедноста на сообраќајот. Известувањето е објавено со цел навремено информирање на возачите и нивно прилагодување на новиот начин на функционирање на наплатните станици.

Во изминатиот период, дел од возачите со M-Кард ги користеа и лентите наменети за M-Tаг, што често предизвикуваше забавување на протокот на возила, особено во деновите со засилен сообраќај. Токму поради тоа, од ЈПДП оценуваат дека раздвојувањето на двата начини на плаќање ќе придонесе за поголема ефикасност и за подобра организација на сообраќајот на патарините.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Денот на армијата: Да имаме уште многу поводи за прослава на славната македонска армија!

Триесет и четири години потоа, со сигурност тврдам дека македонската армија не е почетничка, туку високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, висока интероперабилност со сојузничките сили, војничка дисциплина и стаменост, што резултира со највисока доверба кај граѓаните и заслужена почит од сојузниците

Леон Мерсовски – Македонец, муслиман, вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

To top