Македонија

Малку им била кирилицата, посегнале и по македонскиот јазик

Упорни во своето непризнавање на македонскиот јазик

Во пресрет на усвојувањто на преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ,  Бугарија во јули 2022 година доставила забелешка до Советот на Европската Унија (ЕУ), во која меѓу другото тврди дека македонскиот јазик е заснован врз бугарскиот литературен јазик односно дека македонскиот јазик бил создаден во 1944/45 година во рамките на поранешната Социјалистичка федеративна република Југославија (СФРЈ), објави МКД.МК

Во документот се вели:

„Во врска со став 7 од Заклучоците на Советот за проширување – Северна Македонија и Албанија од јули 2022 година, во врска со став 22 од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и споменувањето на официјалниот јазик, според нејзиниот Устав, како јазик на превод на законодавството на ЕУ, Бугарија со ова го повторува следново, бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на бугарскиот литературен јазик. Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944/5 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (рекодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со народни форми, со што се симулираше ‘природен’ процес базиран на дијалекти“, пишува во документот што Бугарија го приложила како забелешка до Советот на Европската Унија.

Станува збор за документ кој е приложен како додаток кон пакетот документи поврзани со отворањето на пристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.

Бугарија планира да издаде монета од две евра на која е напишано дека кирилицата е бугарско писмо, но една, засега, анонимна ЕУ-членка тоа го блокира.

Вето од членка на ЕУ за Бугарија и нејзината монета од 2 евра со натпис „бугарската азбука“

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

To top