Бизнис

Три години пропаст на НЛБ банка, по 25 години верност легендата разочарана

Многу граѓани се согласуваат со ставот на легендарниот актер Тони Михајловски и најавуваат заминување од НЛБ Банката

Легендарниот македонски актер Тони Михајловски по две и пол децении верност искажува огромно незадоволство од НЛБ Тутунска банка која според него е крајно непрофесионална со своите клиенти.

Михајловски открива дека банкоматите на НЛБ банката не се безбедни.

,,НЛБ има банкомати секаде па и во сопствените експозитури и тоа е супер. Но ако мислите дека тие банкомати се сигурни или безбедни за уплата и исплата се лажете! Ако банкоматот кој е во склоп на банката ви ги “голтне” парите не можат да ви ги вратат додека не поминат три дена. Иако 25 години си нивни клиент ќе добиеш само неколку “ве разбирам” кое на вас ништо не ви значи но за услугата зборува многу. Услугата ви е на нула. Ете толку од НЛБ банка”, пишува актерот кој не може да го разбере односот на една од водечките банки во Македонија која е словенечка инвестиција во земјава.

Тој вели дека НЛБ 36 месеци е во пропаст.

,,Последниве 3 години пропаст. Плаќаш лично банкарство, коректен клиент си, за на крај да ти кажат ве разбирам.
Она што морате да го разберете е дека така не се работи”, заклучува Михајловски.

Во коментарите на постот многумина се согласуваат со Тони Мијахловски и незадоволни од услугата најавуваат напуштање на НЛБ Банката и заминување во други банки.

Најчитани вести

Бугарските власти со поддршка за Антимакедонска операција на бугарска група која има врски со тајни служби на земја која не е дел од НАТО

Бугарското МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини

Најнови вести од: Бизнис

Новите инвестиции доказ дека Македонија е сè поатрактивна за вложување на капитал

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека новите ифабрики и странски инвестиции се потврда дека со политките на Владата Македонија станува сè поатрактивна за инвестирање. „Брејнчајлд“ и „Магна Мехатроникс“ веќе почнаа со работа, а „Амфенол“ и „Гемтерм“ најавуваат нови вработувања, се наведува во соопштенето заедно со бројки за вредноста на инвестициите и новите работни места.

Прометот на Македонска берза падна за 53,78%, „Алкалоид“ со најголем раст

И покрај послабата берзанска активност, акциите на „Алкалоид“ забележаа најголем неделен раст од 9,37 отсто. Позитивно движење имаа и „Гранит“, со раст од 2,6 отсто, како и „Македонски Телеком“, чии акции поскапеа за 2 отсто.

АД ЕСМ ќе купува јаглен од косовската КЕК во следните три години

АД ЕСМ  согласно владина одлука,  потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за експлоатација на околу три милиони тони јаглен од рудникот Обилиќ во наредните три години по гарантирана фиксна цена од 24, 4 евра за тон, соопшти компанијата. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани.

Продолжува поставувањето на батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција

Батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ, на сопствените електрани и на електрани на клиенти,  се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

„Макпетрол“ со 17,83 милијарди денари приходи и 475 милиони денари добивка во првото полугодие

На годишното собрание на акционери во мај 2026 година е донесена и одлука за исплата на дивиденда за 2025 година во вкупен бруто-износ од 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто по акција, со рок за исплата најдоцна до 30 септември 2026 година.

Владата со билатерални договори ќе ги олеснува последиците од ЕЕС системот за превозниците

Македонија со билатерални договори го решава проблемот со камионскиот транспорт во Шенген-зоната, рече министерот за транспорт Николоски. Во однос на најавените протести вели дека не смееме да паднеме во замката на колективизација.

To top