Македонија

Градоначалникот на Струга бара плажи без педалинки

По трагедијата во Охридското Езеро

Откако телото на 20-годишно момче беше пронајдено кај „Машка плажа“ во Охридското Езеро, градоначалникот на Струга, Менди Ќира, до Советот на Општината достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки со кои треба да се зголеми безбедноста на плажите.

Меѓу предложените мерки е и забрана за движење и паркирање на педалинките на плажите.

„Предложив одлука со која ќе се забранат движењето и паркирањето на педалинките на плажите“, изјави Ќира.

Според него, голем дел од педалинките функционираат нелегално, без издавање фискални сметки, а лицата што стопанисуваат со плажите често не плаќаат надоместоци и не преземаат соодветни мерки за безбедност на посетителите.

Ќира потсети дека пред еден месец до Советот била доставена и иницијатива плажите да се менаџираат преку урбана опрема под надлежност на Општината, наместо преку нелегално поставени објекти. Тој посочи дека нелегално се поставуваат и лежалки, поради што се неопходни поголем ред и контрола на плажите.

Најнови вести од: Македонија

To top