Македонија

Предлог-законот за игрите на среќа пред пратениците

Целта на законот е за се изврши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, нивна класификација, пропишување на специфичностите за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри.

(Видео): Државата почна да наликува на Лас Вегас, со законот за игри на среќа се става ред, вели премиерот

Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата.

Законот чие донесување се предлага, се засновува врз: начелото на ексклузивитет во приредувањето на игрите на среќа и начело на лиценцирање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри; начелото на економичност и ефикасност на управната постапка на издавање, одземање, прекин и откажување на лиценците и дозволите пропишани со овој закон, како и во другите случаи на управно постапување од овој закон; и начелото на правна сигурност и заштита на приредувачите и учесниците во игрите на среќа и забавните игри.

Со Предлогот на закон се врши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, класификација на игрите на среќа, пропишување на специфичностите на управната постапка за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри, контролата врз приредувањето, прекршочните одредби, како и одредување на намената на приходите остварени од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри. МИА

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top