Македонија

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави македонскиот премиер

Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува напредок во разговорите со Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека ситуацијата, според него, дополнително се радикализира.

„Не, не очекувам. Сигналите кои доаѓаат од таму не ме прават оптимист, напротив, состојбата се радикализира“, рече премиерот.

Тој како пример го посочи неодамнешното испраќање дипломатска нота од Бугарија, поврзана со престојот на неговата сопруга и малолетниот син во Пампорово.

Дипломатската нота за која говори Мицкоски е допис со кој македонската амбасада во Софија го информира Министерството за надворешни работи на Бугарија дека сопругата и еден од синовите на премиерот ќе патуваат во Пампорово, Бугарија. Известувањето, кое минатата недела е објавено на Фејсбук, е од 6 јануари годинава, а се однесува на патување два дена подоцна, односно на 8 јануари….

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека за случајот веќе ги информирал и партнерите од НАТО, оценувајќи дека со ваквиот потег се загрозува безбедноста на неговото семејство.

„Со ова вадење на дипломатска нота се загрозува безбедноста на моето семејство“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата останува фокусирана на реформите и економскиот развој, без разлика на случувањата во односите со источниот сосед.

„Ние да останеме фокусирани на тоа што е наша задача, а тоа е да ја испорачуваме реформската агенда, да ги правиме реформите дома, да ја градиме економијата и да решаваме проблеми“, изјави премиерот.

на видеото по 18-та минута:

Најнови вести од: Македонија

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Најнови вести

To top