Македонија

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.

Понатаму, Уставниот суд во три наврати побара од Владата да ја достави бараната согласност, но истата не беше доставена. Следствено на ова, од увидот во доставената документација се утврди дека Општина Тетово нема доставено барање до Владата за издавање на потребна согласност, ниту акт со кој Владата дала согласност за Листата, согласно со Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти. Поради тоа Уставниот суд утврди дека овој законски услов не е исполнет.

Согласно со  Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, за донесување одлука за промена на имињата е потребна претходна согласност од Владата.

Со донесувањето на Одлуката без потребната согласност од Владата, Општина Тетово го повредила начелото на владеење на правото, утврдено во член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и член 5 став 2 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти.

Најнови вести од: Македонија

Забранета водата за пиење во Демир Капија

– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

To top