Македонија

Фото: Кои пратеници гласаа „ЗА“ интерпелацијата на Тошковски

Министерот ја преживеа и третата интерпелација во Собранието

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја преживеа и третата интерпелација поднесена против него во Собранието.

На седницата, од присутни 77 пратеници,  58 пратеници гласаа „против“ неговата смена, додека 19 пратеници ја поддржаа интерпелацијата.

Во текот на расправата, опозицијата тврдеше дека има „скандали, пропусти и нула одговорност“ и побара оставка, додека Тошковски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со „конкретни резултати, зголемена ефикасност и сузбиени криминални групи“, оценувајќи дека не треба да се бара смена за министер кој „се труди и има резултати“.

Претходната интерпелација на Левица за работата на Тошковски на дневен ред во Собранието беше на 29 април и беше отфрлена со 72 гласа „против“, додека „за“ гласаа 20 пратеници.

Според Деловникот на Собранието, Интерпелацијата се спроведува по јасно утврдена процедура на поднесување и гласање. Расправата за интерпелација се одвива на пленарна седница, трае еден работен ден и мора да заврши најдоцна до 24 часот истиот ден, кога се врши и гласање.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top