Македонија

Брвеница ќе добие в.д. градоначаник, а потоа ќе има избори за нов

Веднаш по завршувањето на периодот на жалост, по смртта на градоначлникот Јовица Илиевски, Советот на општина Брвеница мора да свика вонредна седница

По смртта на градоначалникот на Општина Брвеница Јовица Илиевски, Советот на општината треба да свика седница за избор на вршител на должноста претседател.

Веднаш по завршувањето на периодот на жалост, Советот на општина Брвеница мора да свика вонредна седница. Според Законот за локална самоуправа, општинските советници ќе треба да гласаат со мнозинство гласови за еден од членовите на Советот, кој ќе ја врши должноста вршител на должноста градоначалник.

Ова лице привремено ќе ја води општината, така што услугите за граѓаните, платите на администрацијата и теренските проекти ќе продолжат без прекин

Бидејќи мандатот на покојниот градоначалник заврши во период кога законот бара организирање нови избори, по официјалното известување на Министерството за локална самоуправа и Владата, претседателот на Собранието ќе мора да распише предвремени локални избори само за Општина Брвеница.

На овие избори, кои ќе ги организира ДИК, жителите на Брвеница ќе гласаат за нов градоначалник, кој ќе има легитимен мандат да ја води општината.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

To top