Свет

Унгарец собирал делови од човечки тела од болница и гробишта, признал дека ги јадел

Унгарската полиција уапси 30-годишен маж под сомнение дека собирал човечки останки од напуштени гробишта и од болница каде што работел

Унгарската полиција уапси 30-годишен маж под сомнение дека собирал човечки останки од напуштени гробишта и од болница каде што работел.

Според соопштението на унгарското Национално биро за истраги, при претрес на неговиот дом биле пронајдени човечко лице, кожа од лице, коски складирани во куфер, потколеница, мозок, рака, глава, черепи и срце. Истражителите сè уште утврдуваат дали срцето пронајдено во тегла е од човечко или животинско потекло.

За време на испрашувањето, осомничениот изјавил дека бил фасциниран од човечката анатомија и дека собирал делови од човечки тела, кои наводно ги подготвувал и консумирал на различни начини.

Од Националното биро за истраги соопштија дека мажот покажувал голем интерес за анатомијата и патологијата, како и за дисекција на животни.

Според првичните сознанија од истрагата, дел од останките можеби ги набавувал преку своето работно место во болница, а дел ги ископувал од напуштени гробишта во Унгарија и Словачка.

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

Најнови вести

To top