Бизнис

Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, рече премиерот

Мицкоски истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија.

  • „Јас сум убеден дека овој проект Чебрен и Галиште има стратешко значење, не само заради производство на електрична енергија, туку и за други намени. Да споменам дека во април месец оваа година, за прв пат после не знам колку време, производството на електрична енергија покрива 88,8% од вкупниот конзум кај нас, значи ние се приближуваме веќе до целосно да можеме да го покриваме она кое што го трошиме од аспект на електрична енергија, а рековме цел на оваа влада е во мандатот да имаме година кога ќе бидеме нето извозник, на крај на годината кога ќе се сумираат билансите, тоа што сме го произвеле и тоа што сме го консумирале и тоа што сме го извезле да биде споредливо, односно да извезуваме електрична енергија, тоа беше целта како влада и ценам дека тоа го правиме“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски воедно додаде дека состојбата во ЕЛЕМ е консолидирана од 7-8% акумулации и минус 150 милиони евра сега ќе оди во плус десетина и околу 80% состојба на акумулации и тоа во ек на сезона на наводнување, што значи се работи посветено, а на тоа се додава и фактот дека следната година ќе заврши гасниот интерконектор со Грција, објавен е тендерот за интерконекторот со Србија, пуштен е продуктиводот од солунското пристаниште со ОКТА, а ги заживуваат Штип-Велес гасоводот, гасоводот до Кичево, отсечката за влез до Косово, и го рестартиравме далноводот со Албанија, за да буквално бидеме раскрсница на Балканот.

  • „Кога ќе се анализира целокупната слика дојдовме до една фаза кога можеме да бидеме горди на тоа што го правиме. Она кое што за нас преставува вистински предизвик и се спремаме, тоа е проектот Чебрен и Галиште и тука имаме два концепти кои се спротивставени од правна гледна точка инаку во суштина не се, тоа е првиот да ние направиме синдикат на заемодаватели, меѓународни финансиски институции кои ќе обезбедат пари со доволен грејс период додека трае градбата, и потоа во одреден период да почнеме со поврат, односно АД ЕСМ. И вториот концепт е да одиме со јавно приватно партнерство. Лично и како човек од фелата и универзитетски професор, а сега и претседател на македонската Влада, ценам дека за првиот концепт треба да ги исцрпиме сите можности за да го реализираме, имајќи ги предвид климатските промени ценам дека не само на нас како држава и на регионот ни се потребни два вакви сериозни проекти кои ќе обезбедат дополнителни количини на вода, не само за производство на електрична енергија, туку и за наводнување да речеме на Тиквешко Поле. Ценам дека еден ваков проект повеќенаменски може да допринесе многу, трето да го заживее тој крај, Мариово, може да се развива како туристички центар. Така што овој проект Чебрен и Галиште треба да се гледа како стратешки проект, а не како проект за енергетика и производство на електрична енергија, тоа е така се сложувам ќе биде драјвер на економијата, допринесе во БДП, една милијарда и 300 милиони до 500 милиони отприлика очекуваме да чини, ќе го подобри капацитетот на електроенергетскиот систем“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во однос на чекорите за реализација, премиерот Мицкоски на крај појасни дека се развива концептот, да се ажурираат физибилити студиите во една, како и тоа дека веќе сме во сериозни разговори и АД ЕСМ и ние како влада со потенцијални големи светски финансиски институции, од типот на Светска Банка, Европска инвестициска банка коишто би требало да направат своевиден синдикат, да обезбедат буџет и на тој начин сето тоа ние да го развиваме.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

To top