Бизнис

Sport Life донираше средства за поддршка на деца со развојни потешкотии

Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии

Како дел од своите општествено одговорни активности, „Sport Life“ обложувалниците донираа средства за поддршка на две организации кои работат со деца со развојни потешкотии – Здружението „Отворете ги прозорците“ и SLP.BOJAN – Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација. Донациите се наменети за набавка на асистивна технологија, рехабилитациски помагала и дидактички материјали кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на децата и лицата со попреченост.

„Во Sport Life постојано ги следиме потребите на заедницата и се стремиме да поддржиме иницијативи кои носат реални придобивки за граѓаните. Веруваме дека овие донации ќе помогнат во подобрување на условите за работа на двете организации и ќе придонесат за полесен развој, едукација и инклузија на децата кои се соочуваат со различни предизвици“ – истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Sport Life.

Потребата од стручна поддршка за деца со говорно-јазични, когнитивни, моторни и социо-емоционални потешкотии е сѐ поголема, а современите помагала и технологии имаат значајна улога во успешното спроведување на третманите и образовната поддршка.

„Кога компаниите ја препознаваат важноста на солидарноста и инклузијата, се создаваат можности за вистински промени. Со оваа донација ќе обезбедиме дополнителна индивидуализирана поддршка преку асистивна технологија, која им помага на децата со попреченост полесно да учат, комуницираат и учествуваат во заедницата. Заедничките вложувања се клучни за создавање општество во кое можностите се достапни за сите“, укажува Радмила Стојковска Алексова, раководителка на Центарот за асистивна технологија при Здружението „Отворете ги прозорците“ во врска со донацијата на „Sport Life“.

Здружението „Отворете ги прозорците“, веќе 20 години обезбедува поддршка за деца со попреченост и нивните семејства. Досега, организацијата обезбедила директни, индивидуализирани услуги за повеќе од 900 деца со различни развојни и физички попречености, меѓу кои нарушувања од аутистичниот спектар, церебрална парализа, интелектуални попречености и комплексни комуникациски потреби.

„Преку својот Центар за асистивна технологија, организацијата нуди индивидуализирани услуги, пристап до современи технолошки решенија, едукативни материјали и стручна поддршка за развој на комуникациски, образовни и социјални вештини. Сите услуги се обезбедуваат бесплатно за корисниците.“ – се посочува од Центарот.

Од Центарот „SLP. BOJAN“ исто така ја истакнаа важноста на поддршката:

„Едно утро, не разбуди еден хуман повик. Во нашиот центар се јавија „Sport Life“, и не известија дека сакаат да донираат, бидејќи веруваат дека ќе биде од помош токму за оние на кои им е најпотребна – лицата со развојни нарушувања.

Оваа донација ни овозможи да набавиме современа технологија за стимулација на говорно-јазичниот, когнитивниот и бихејвиоралниот развој, како и рехабилитациски и сензорни помагала што секојдневно ги користиме во работата со лицата со развојни нарушувања. Благодарни сме за поддршката и за препознавањето на важноста на нашата работа“- изјави  Бојан Богдановски, клинички логопед – специјалист и основач на Центарот за логопедија, специјална едукација и рехабилитација – SLP.BOJAN.

SLP.BOJAN обезбедува стручна поддршка за деца и лица со развојни потешкотии, говорно-јазични нарушувања и комуникациски предизвици. Тимот работи на рана детекција, проценка и третман, преку индивидуализирани програми насочени кон развој на говорот, јазикот, комуникацијата, когнитивните способности и функционалните вештини. Центарот нуди современи методи, технологии и помагала со цел да обезбеди поквалитетна поддршка и подобри можности за развој и интеграција на своите корисници.

Спорт Лаиф Обложувалници како општествено одговорна компанија континуирано реализираат општествено корисни проекти и донации во разни области, меѓу кои: спортот, здравството, образованието и поддршката на ранливите категории граѓани ширум земјата. Минатата година со донација на Спорт Лаиф се реновираше дел од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, а истата година беа склучени и договори за стипендирање на истакнати македонски спортисти – учесници на минатогодишните олимпијски игри.

 

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

To top