Македонија

Тешки камиони ќе паузираат за викенди во јули и август

Во петок попладне, како и во сабота и недела, се воведуваат ограничувања во сообраќајот, со цел да се намали сообраќајното оптоварување и да се зголеми безбедноста на патиштата во летниот период

Од утре стапува во сила забраната за движење на тешки возила над 15 тони на државните патишта во Македонија за време на викендите и периодите со екстремно високи температури која ќе биде во сила до 31 август.

Во петок попладне, како и во сабота и недела, се планира да се воведат ограничувања во сообраќајот, со цел да се намали сообраќајното оптоварување и да се зголеми безбедноста на патиштата во летниот период. Дополнително, за време на топлотни бранови, забраната може да се воведе и во работните денови, од понеделник до четврток, во најтоплите часови од 11 до 17 часот.

Целта на оваа мерка е да се олесни одвивањето на сообраќајот, особено кон туристичките центри, како и да се заштитат учесниците во сообраќајот при високи температури.

Забраната нема да важи за возилата што превезуваат храна, гориво, животни, хуманитарна помош и друг суштински товар.

Најнови вести од: Македонија

Забранета водата за пиење во Демир Капија

– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

To top