Свет

Украинците на Зеленски: „Кој си бе ти“!

Демонстранти пред претседателската канцеларија во Киев со транспаренти : „Срам“, „Ние сме моќта“, „Предавник на Украина“ , „Дали сте нормални?“

A protester in Kyiv holds a poster likening Ukraine’s President Volodymyr Zelensky to former president Viktor Yanukovych, who was ousted after the 2014 protests called the Revolution of Dignity.

 

Откако потпиша закон со кој драстично се намалува независноста на клучните антикорупциски институции, во Киев и други градови избувна бран протести, а од Европската Унија доаѓаат остри предупредувања дека оваа одлука може да го загрози европскиот пат на Украина.

Законот бр. 12414, кој го усвои украинскиот парламент, ѝ дозволува на владата да ги стави под надзор Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САПО).

Иако Зеленски го бранеше законот тврдејќи дека сака да се ослободи од руското влијание во „инфраструктурата за борба против корупцијата“, не беа презентирани конкретни докази за ова.

Неговото вообичаено вечерно видео обраќање, во кое го потврди потпишувањето на законот, беше пречекано со бура од реакции.

Платформите беа преплавени со пораки на разочарување, гнев и неверица. „Ја изгубивте довербата на народот“, напиша активистката Јулија Тимошенко.

Еден од коментарите со најмногу лајкови беше: „Вие повеќе не сте симбол на промени, вие сте проблемот“.

Протести избувнаа во Киев, Лвов, Днепар и Одеса – први од таков обем откако започна целосната руска инвазија во 2022 година.

Околу 1.500 луѓе се собраа пред претседателската канцеларија во Киев со транспаренти на кои пишуваше: „Срам“, „Ние сме моќта“, „Предавник на Украина“ и „Вето на законот“. Еден натпис гласеше: „Дали сте нормални?“

Активисти, поранешни советници на Министерството за одбрана, ветерани и членови на граѓанското општество отворено го споредуваат Зеленски со Виктор Јанукович, соборениот претседател кој се обиде со сила да ги потисне проевропските протести во 2014 година.

„Дали ни треба нов Мајдан?“, праша коментаторот Оља Висоцка.

Мандатот на украинскиот претседател мистече лани во мај, а нови избори ннема поради војната….

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top