Македонија

Македон Димитровски руши рекорди – издоминира во Несебар

Генијалецот освои 6 медали на математички натпревар во Несебар

Малиот Македон Димитровски руши рекорди во освојување медали на натпревари. Генијалецот Димитровски неодамна учествуваше на натпревар во Несебар, Бугарија каде беше дел од натпревар по математика насловен „Математика без граници“. Момчето со вонсериски талент, на кој се гордее цела Македонија овој пат од соседна Бугарија се врати со 6 медали. Неговиот татко Владимир Димитровски сподели повеќе детали околу неговиот успех на Фејсбук.
„Постојат моменти кога едно дете не победува само за себе – туку ја прави горда цела држава.
Во Несебар, Бугарија, на меѓународен математички натпревар „Математика без граници“, Македон Димитровски приреди вистинска сензација и беше меѓу најуспешните натпреварувачи на целиот турнир.
🏆 Неверојатен биланс:
🥇 Златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“.
🏆 Прво место – Победник на Купот.
⭐ Math Star of the Tournament. Математичка ѕвезда на турнирот
👑 Апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар.
🥈 Сребрен медал на меѓународниот натпревар по алгебра Ludovico Ferrari.
🥉 Бронзен екипен медал“ објави таткото на Македон.
Честитки, Македон! Продолжи да ги рушиш границите и да ја испишуваш историјата. Цела Македонија е горда на тебе!

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top