Македонија

Мицкоски: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, со препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, ќе го прифатиме

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада.

Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски потсети дека на измените се работело посветено неколку месеци во рамки на Парламентот. – Сите пратенички групи работеа и усогласија текст. Текстот беше потпишан од сите, со исклучок на Левица која рече – „ние сме за овој текст, но не сме со вас да се потпишеме заедно на овој предлог“. Сега ова што се случува, последниве неколку дена, е политичка гимнастика и тоа е, претпоставувам, гимнастика за нивните поддржувачи, но суштината и вистината се дека се беше договорено и завршено додека тој предлог не требаше да дојде во Парламентот. Тогаш се појави втората политичка партија, СДСМ, која рече, „ако тие така се однесуват и ние така ќе се однесуваме“. И си најдоа причина зошто тоа да биде така. И едните и другите на отворена сцена се обидуваат од ова да направат естрада, тоа мене не ми се допаѓа зашто ни останува уште Изборниот законик, истакна премиерот.

Тој потсети дека на вчерашната координација во Собранието, ставот бил јасен – опозицијата да усогласи и да достави текст, кој потоа ќе биде прифатен.

– Нашиот став беше јасен – договорете се вие во опозицијата, направете текст и тоа што ќе се договорите ние ќе го прифатиме. Тоа е нашата позиција. И денеска од оваа прес-конференција ја испраќам истата порака – договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијапсората. Еве, како тие ќе кажат, така ние ќе прифатиме. Само нека се усогласат. До денеска немаме усогласен текст, времето си поминува, ќе дојде средина на јули, би било штета да ги изгубиме тие средства, нешто повеќе од четири милиони евра. Зошто да ги изгубиме и да не бидеме стопроцентно комплетни за сите реформи што требаше да ги испорачаме до крајот на јуни. Еве, сега велиме, имаме мала екстензија до средината на јули, подвлече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top