Хроника

Почна судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Ужасни злосторства поради задволување на полови страсти

Во Основниот суд во Куманово денеска започна судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Обвинителството наведува дека, имајќи предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Во периодот од јануари 2025 година до февруари 2026 година, обвинетиот наводно извршил повеќе напади врз жени, претежно повозрасни и немоќни лица кои живееле сами.

Обвинителството наведува дека првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, каде жртва била повозрасна жена. Второто убиство, според обвинението, било извршено во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.

Во обвинението се опфатени и два обида за убиство. Едниот е регистриран на 22 јули 2025 година во селото Челопек, кога жената успеала да го спречи напаѓачот откако повикала помош, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, исто така во Челопек, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.

Меѓу останатите дела што му се ставаат на товар се и убиствата на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и на повозрасна жена во Челопек во февруари, истата година.

Предметот во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово.

Најнови вести од: Хроника

И.Х.(25) и А.Х.(20) од село Идризово се скарале со продавачката, па го нападнале и И.О.(41), која ја бранел!

Двајцата насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа го натепале соселанецот, кој им рекол да не се однесуваат непристојно кон жената.

Одложено судењето на Груби и уште седум лица: закажани 13 термини за расправа во септември и октомври 2026

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

To top