Бизнис

Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај

Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски прашања со оглед на тоа дека е завршена пругата од Илинден до Драчево и што ќе придонесе за транспортот и за Коридорот 10.

– Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и тоа пред 30-40 години кога првпат била изградена оваа обиколница тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето кое што го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата за жал овок Коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме да целосно го реконструираме заедно со ЈП Железници и инфраструктура каде сакам да се заблагодарам за поддршката и работата на директорот Синиша Ивановски и на целокупниот негов тим. И, во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје со што веќе товарните возови нема веќе да поминуваат низ центарот на градот.

Вицепремиерот Николоски истсакна дека тоа е од големо значење од еколошки аспект и временски пократок период.

– Со тоа Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај. Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција, додаде вицепремиерот Николоски.

Заменик-претседателот на владата Николоски истакна дека се равоти и на заеднички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top