Хроника

Малолетеник тешко повреден во несреќа кај Ласкарци

Полицијата продолжува со собирање на докази и целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

На 8 јули 2026 година, во 18:30 часот, на регионалниот пат Скопје–Тетово, во близина на село Ласкарци, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило малолетен пешак.

Возилото го управувал А.А. (33) од село Сарај, скопско. Во несреќата малолетникот од село Ласкарци се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот е пренесен и лекуван во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е констатирана тешка повреда.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Полицијата продолжува со собирање на докази и целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Ова е уште еден потсетник за зголемена внимателност при движењето на регионалните патишта, особено во делови каде често се движат пешаци.

Најнови вести од: Хроника

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top