Хроника

Фатен разбојник со две (не)дела за помалку од еден месец во Скопје

Жител на главниот град ќе одговара за разбојништво и за разбојничка кражба, откако е лишен од слобода вчера

Скопјанец на возраст од 41 година постигнал да направи две кривични дела разбојништво за помалку од еден месец во главниот град, но по второто е лишен од слобода.

„На 10.07.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.А. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик. Имено, првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил на 10.07.2026 на бул.“Кочо Рацин“ каде со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45 годишна жена одзел паричник со пари и документи. Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка“, информира Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top