Бизнис

Чешлањето на 700 производи при крај, мерки за трговците што ги зголемиле маржите

Наскоро во Министерството за економија и труд состанок со претставниците на трговските компании, најави премиерот

Владата во најкус можен рок ќе преземе мерки кон трговците што ги зголемиле маржите по завршувањето на анализата на цените на околу 600 до 700 производи, најави премиерот Христијан Мицкоски

„Очекуваме во најкраток период оние кои малку ги зголемиле маржите во споредба со истиот период минатата година – од два до пет процентни поени над постојните бруто-профитни маржи – да бидат предупредени. Ако некој имал маржа од 10 проценти, а сега е 12 или 15 проценти, ќе биде предупреден“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при увидот во реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Тој информира дека наскоро во Министерството за економија и труд ќе се одржи состанок со претставниците на трговските компании.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top