Македонија

Кризната состојба продолжена до 20 октомври, одлучи Владата

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати е продолжена до 20 октомври. Оваа одлука ја донесе Владата на последната седница на 17 јули, поради можноста од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

  • Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати. Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството, соопштија од владината прес-служба.

Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати. По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.

Во меѓувреме Регулаторната Комисија за Енергетика ја измени методологијата за пресметка на транспортните трошоци, премијата и трговската маржа за нафтените деривати за полесно приспособување кон нестабилниот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејства во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа

ЕУ подготвува голема реформа во банкарската регулатива

Една од главните цели на реформата е да се поттикнат прекуграничните спојувања на банките, што би ѝ дало на Европа доволно големи институции за да се натпреваруваат рамноправно со американските финансиски гиганти.

Антикорупциска комисија: Пет лица истовремено извршуваат две функции

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во согласност со своите надлежности, утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено извршување повеќе функции, кои  се неспоиви согласно со закон, соопшти ДКСК.

To top