Бизнис

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Нема да се толерира некоректност и профитирање на грбот на граѓаните. Ваква порака, како што изјави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, ќе биде испратена на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, која попладнево треба да се одржи во Министерство за економија. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, додава тој, не е исклучено да се преземат соодветни мерки. Ристески информира дека на средбата со трговците, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

  • „Направена е анализа за повеќе месеци, ги имаме податоците, ќе бидат соопштени и ќе бидат дадени одредени препораки од страна на Министерството за економија со цел да го заштитиме сите животниот стандард. Ако има непазарно однесување, енормни зголемувања на цените и т.н. воени профитери во вакви услови, кои сакаат да спечалат на грбот на граѓаните, имаме законски мерки кои може да се употребат. Нема да толерираме некоректно однесување, пред сè, кон граѓаните. Главната цел и приоритет на оваа Влада е, да повторам, заштитата на животниот стандард на граѓаните. Тоа е приоритет на сите нас“, потенцира Ристески.

Во врска со синдикалната минимална кошничка која излезе денеска, Ристески вели дека Владата не ги смета овие податоци за релевантни, туку податоците од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат.

  • „Затоа и формулираме наша кошничка која во наредниот период ќе биде промовирана. Од она што го имаме како податок од Државен завод за статистика, инфлација 3-4 отсто или намалување на цените за 0,5 проценти во однос на претходниот месец. Можам да укажам дека имаме најниски цени и најмала инфлација во регионот и на Балканот и пошироко, а тоа е резултат на добрите мерки кои досега трезвено, аналитички и добро ги спроведува оваа Влада, почнувајќи од Министерството за економија и труд“, додава заменик-министерот.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top