Колумни

Ватрослав Јагиќ, светскиот афирматор на посебноста на македонскиот народ, идентитет и јазик, наспроти сите оспорувања на неговото постоење!

На денешен ден, на 5 август 1923 година починал хрватскиот јазичар Ватрослав Јагиќ, славист со огромно значење за македонскиот јазик и македонистиката. Тој има непроценливо, пионерско значење за македонскиот народ и јазик. Како еден од најголемите светски слависти во XIX и почетокот на XX век, тој со својот научен авторитет ги извлече македонскиот јазик и македонистиката од сенката на соседните пропаганди и ги  постави на рамноправно рамниште во светската наука. Јагиќ му даде на македонскиот јазик научен легитимитет на меѓународната сцена уште пред да биде кодификуван во 1944 / 1945 година. Од непроценливо значење е широката и голема меѓународна афирмација на македонскиот јазичен идентитет, која ја вршел со своите научни активности овој хрватски и европски јазичар. Иако дејствувал во време кога македонскиот јазик немал официјален статус, Јагиќ во своите научни студии јасно го издвојувал македонскиот јазичен и дијалектен простор како посебен и специфичен во рамките на јужнословенската јазична група. Улогата на Ватрослав Јагиќ во одбраната на македонскиот национален и етнојазичен идентитет била првенствено научна: дејствувајќи како силен штит против асимилаторските пропаганди на соседните балкански држави во XIX век. Во време кога македонскиот народ немал своја држава, ниту политичка моќ, Јагиќ го користел својот авторитет како водечки светски славист, за да ја докаже научната вистина за Македонија. И денес, 103 години по својата смрт, Јагиќ продолжува жестоко да ги негира сите негирања на македонскиот народ, идентитет и јазик, во прв ред „епохалните вистини“, кои ги пласираат Бугарската академија на науки и грчките „научници“ за „непостоењето“ на македонскиот јазик и на Македонците како народ.

Пишува: Свето Тоевски

Како еден од најголемите слависти воопшто во светот во 19 и 20 век Јагиќ бил долгогодишен професор по словенска филологија во Одеса, Берлин, Петербург и Виена. Тој е автор на многубројни славистички студии и изданија на стари словенски текстови и основач и издавач на славистичкото списание „Архив за словенска филологија” во Виена.

Му бил ментор и професор на Крсте Мисирков – еден од основоположниците на македонизмот и автор на капиталната студија за македонскиот јазик и народ „За македонцките работи“. Научните анализи и согледувања на хрватскиот јазичар извршиле директно влијание врз Мисирков за дефинирање на македонскиот национален и јазичен сепаратизам во „За македонцките работи“. Јагиќ бил и близок пријател на Константин Миладинов.

Хрватскиот славист Jагиќ укажувал на специфичните дијалектолошки особености на македонскиот јазик, наспроти тоа што тој мајчин јазик на Македонците бил изложуван на негирања, на оспорувања дека воопшто постои во рамки на жестоките црковно-политички пропаганди на Србите, Бугарите и Грците, насочени и кон нивната „омилена цел“ – асимилирањето на македонскиот народ. Токму затоа предизвика толку бурни реакции во Балканот, особено во Белград, статијата на Јагиќ со наслов „Македонскиот проблем“.

Статијата „Македонскиот проблем“ (Das macedonische Problem) на Ватрослав Јагиќ е објавена на 1 март 1903 година во влијателниот виенски весник „Нов слободен печат“ („Neue Freie Presse“). Овој текст претставува клучен одговор на проблемите на Македонците во временските рамки на  општествено-политичките и јазични превирања на Балканот непосредно пред Илинденското востание. Хрватскиот славист јавно ја истакнува наклонетоста кон посебноста на македонскиот јазик. Тој ја нагласува научната дефиниција дека македонските дијалекти создаваат целосен, заокружен јазичен дијасистем, кој се разликува од соседните јазични системи.

Во статијата Јагиќ остро забележува дека македонското население е жртва на агресивни надворешни пропаганди. Тој јасно ја посочува улогата на Бугарската егзархија која, поддржана од бугарската влада, систематски ги преземала училиштата и црквите, заради асимилација, поточно кажано заради бугаризација на Македонците – цел која ја има зацртано и денес официјална Софија. Во „Македонскиот проблем“ Јагиќ истовремено ги критикува и останатите странски пропаганди  на македонскиот терен – српската и грчката пропаганда.

Ватрослав Јагиќ

Ватрослав Јагиќ е и основоположник на јужнословенските филолошки студии. За македонската филологија тој е исклучително важен, бидејќи многу македонски автори се повикуваат на неговите заклучоци во врска со улогата на македонската јазична територија во сесловенската писменост. Јагиќ, заедно со својот ученик Ватрослав Облак, е главен застапник на „ Македонската теорија“. Тој научно докажува дека во основата на Кирилометодиевиот јазик (старомакедонскиот и старословенскиот) лежи солунскиот македонски дијалект. Јагиќ со тоа ја урива тогаш популарната „Панонска теорија“ дека словенската писменост, наводно, потекнала од јазици и дијалекти од Панонија. Проучувајќи низа стари црковни македонско-словенски ракописи, Јагиќ го аргументира и го потврдува непобитниот факт дека токму македонскиот јазик со своите дијалекти во Суха, Зарова, Висока и другите околни солунски села е јазикот, кој е користен како основа за македонската и сесловенската писменост ширум Европа, во текот на Моравската мисија, која ја вршеле Кирил и Методиј во 9 век за ширење на христијанството и писменоста меѓу Словените на европскиот континент.

Ватрослав Јагиќ

Улогата на Ватрослав Јагиќ е клучна и покровителска во сите фази на настанувањето, уредувањето и посмртното објавување на капиталниот труд „Македонски студии“ на словенечкиот лингвист Ватрослав Облак. Јагиќ имал неколку пресудни улоги во овој процес. Тој бил поттикнувач и ментор на истражувањето: по поттик и препорака на Јагиќ, кој бил заинтригиран од јужномакедонската дијалектна основа на старословенскиот јазик, младиот научник Ватрослав Облак во есента 1891 година заминал на теренски лингвистички истражувања во Солунско. Во улога на уредник и издавач по прераната смрт на Облак во април 1896 година, Јагиќ целосно го презел ракописот, го уредил и го подготвил за печат.

Трудот под наслов „Македонски студии“ бил објавен истата 1896 година под наслов „Macedonische Studien“ во Виена. Како посебен и исклучително вреден прилог кон книгата, Јагиќ ги објавил и приватните научни писма, што Облак му ги испраќал лично нему додека престојувал и истражувал во Македонија.

„Македонската теорија“ е директно заснована врз оваа капитална студија „Македонски студии“ со теренските докази дека токму македонските солунски говори се во основата на Кирило-Методиевиот јазик. „Македонски студии“ со автентичните теренски јазични материјали од Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција, служат како уште еден траен доказ за македонската јазична посебност во Балканот, во Европа и светот.

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top