Водството на македонската испостава на УЧК први на протестот против пресудата на Хаг за Тачи. На плоштадот „Скендербег“ во Скопје на чело со Али Ахмети, Зијадин Села, Бујар Османи, Рафиз Алити се собраа поддржувачите на водството на косовското УЧК кои добија меѓу 13 и 25 години затвор, со пораката „не во наше име“. Демонстрантите ги извикнуваа имињата на бившите команданти на паравоената формација, се вееја знамиња на УЧК, Косово и Албанија.
Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК
„Ние не ја прифаќаме одлуката на специјалниот суд бидејќи мислиме и тврдиме дека не беше праведна одлуката. Јас, иако живеам во Тетово, сум бил дел од УЧК во Косово и сметам дека овие одлуки се неправедни и невистинити“, изјави Феџри Асипи, портпарол на организацијата на протестот.

Организаторите на протестот истакнаа дека нема да престанат со протестите се додека не го добијат тоа што го бараат и ги повикаа сите да им се придружат.
„Ќе продолжиме со овие протести низ целата држава низ сите градови кајшто има повеќе албански граѓани и ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат. Ги повикуваме сите политички партии да ни се придружат бидејќи немаме политички проблем туку се ризикуваме ние како албанска националност.“

Вакви проетсти се организираа и во Косово и Албанија. На 16ти септември хашкиот суд за воени злосторства го осуди поранешниот претседател на Косово, Тачи, на 25 години затвор, толку доби и Красниќи, Весели беше осуден на 18 години а Селими на 13 години затвор. Судскиот совет констатираше дека бившите припадници на УЧК биле свесни за значителен број злосторства извршени врз противниците, особено за незаконско апсење и притворање, малтретирање и убиство на тие лица.
Обвинителството не успеа да докаже злосторства против човештвото туку воени злосторства врз основа на нивната индивидуална одговорност. Самиот Тачи е осуден за убиството на 96 луѓе. Покрај убиството судот ги товари и за произволно и незаконско притворување на најмалку 385 лица, тортура врз 303 лица и Сурово постапување врз 49 лица.