Бизнис

(Фото): Инфлацијата во Македонија во јули забави на 2,3 проценти

Индексот на трошоците на животот во јули 2026 во однос на јули 2025 , бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.

Минимална инфлација од 0,1 насто е измерена во јули. Стапката продолжува да забавува и се спушти на 2,3 насто на годишно ниво. Економистите очекуваат дополнително намалување на инфлацијата, но цените што се формираа во текот на кризните години нема да се спуштат под достигнатиот праг.

Летото и зелените пазари, вообичаено, имаат делотворно дејство врз инфлаторните движења. За граѓаните најчувствителен сегмент е храната, но токму кај оваа група, која во изминатите години беше главен двигател на инфлацијата, притисоците се намалуваат. Цените во групата храна и безалкохолни пијалаци во јули се повисоки за 1,1 насто споредено со истиот месец лани. Сепак, на месечно ниво се поевтини за 1,1 отсто.

„Инфлацијата во Македонија продолжува да забавува, во јули изнесува 2,3 проценти на годишна основа. Падот на годишната стапка на инфлација за 3,4 процентни поени во периодот од април до јули e навистина значаен, остварен во кратко временски период, а во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната.

Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 проценти, облека и обувки за 0,2 проценти, информации и комуникации и здравствена заштита за 0,1 процент.

Најнови вести од: Бизнис

„Тинекс“ основаше фирма-ќерка и ги префрли маркетите како подружници, дали ќе одат на продажба?!

Како подружници кај „Тинекс Маркет“ се регистрирани 44 дисконти и маркети, меѓу кои и оние под брендот „Деликатес“, „Конто“ и „Супер“, како и магацинот за пакување и погоните за месо.и подготовка на готвени јадења. Префрлен е и центарот за логистика, односно за складирање стока во Петровец.

Македонското рударство продолжува да тоне, иако има на располагање големи инвестиции

Долг период рударството во Македонија нема забележано значителен раст, а четирите металични рудници кои функционираат полека ги исцрпуваат своите капацитети. Од друга страна, повеќе од 40 години се нема реализирано ниту една голема инвестиција во оваа гранка, а во моментов единствена сериозна најава има за проектот за рудник за бакар во Иловица.

Стручната јавност не е против одржливо рударство во Иловица

Претседателката на Македонското геолошко друштво и универзитетска професорка Соња Лепиткова вели дека ако до пред неколку години во Европа не постоела политика за отворање нови рудници, денес таа политика е апсолутно сменета и листата на критични минерали само се зголемува.

To top