Пет лица, од кои тројца гостиварци и двајца скопјани, се лишени од словода за две одвоени разбојништва завчера во главниот град.
„Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 09.08.2026. Во координација со СВР Тетово, од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 09.08.2026 околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина.
Расчистено е и кривичното дело “разбојништво” извршено на 09.08.2026 на плоштад “Македонија” во Скопје, врз Ш.С. од кого, според пријавеното, биле одземени торба со документи и пари. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар презедоа соодветни мерки и активности за расчистување на случајот и од слобода се лишени А.А.(18) и А.С.(19) од Скопје. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.