Хроника

МВР: 400 возеле пребрзо, 32-ца уапсени за безобѕирно возење

Полициските службеници во текот на изминатите два дена, 10 и 11 август, констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци на патиштата низ земјава

Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесувале на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Во рамките на контролите, 32 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило. Од нив, три возеле под дејство на алкохол, 15 управувале без возачка дозвола, а едно лице возело и покрај претходно изречената забрана за управување со возило.

Во истиот период полицијата одзела 13 возила, согласно член 300-б од Кривичниот законик.

Полицијата санкционирала и 106 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, како и 67 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети осум нерегистрирани возила, а уште две возила поради техничка неисправност.

Санкционирани биле и пет возачи поради непочитување на пропишаните услови за затемнување на стаклата на возилата, односно користење несоодветни фолии.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Целта, како што посочуваат од полицијата, е заеднички да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и побезбедни патишта.

Најнови вести од: Хроника

Повеќе случаи на семејно насилство изминатите 24 часа низ државата: Тепани сопруги, ќерки и родители

Во изминатите денови во Скопје, Велес, Битола, Тетово и Кичево биле пријавени повеќе случаи на семејно насилство, при што биле пријавени физички напади и закани меѓу членови на семејства.

To top