Бизнис

Градежен бум: Одобренијата за градење скокнаа за 39%, 103,5 милиони евра вредност на градежните работи

Во јуни се издадени 296 одобренија, а најголема градежна активност има во Полошкиот и Скопскиот Регион.

Градежниот сектор бележи значителен раст. Во јуни 2026 година во земјава се издадени 296 одобренија за градење, што е 39 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани. Според податоците, вкупната предвидена вредност на објектите достигнува 103,5 милиони евра, односно 31 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Од вкупниот број одобренија, 200 се за високоградба, 26 за нискоградба, а 70 за реконструкција.

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 296 објекти, на 218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64 266 м2.

Најнови вести од: Бизнис

Инвестиции во туризмот и отварање нови авиолинии, Николовски на средба со „Корендон“

Македонија е интересна дестинација за инвестиции во туризмот и отворање нови авиолинии е заклучокот на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николовски по средбата со представниците на „Корендон“ една од најголемите групации во Европа. На состанокот се разговарало за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Во Македонија не се искористува ниту приватниот капитал од инвестиција како Иловица

Во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10.000 тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години.

„Тинекс“ преку партнер во Косово ќе ја враќа ликвидноста на компанијата

Компанијата информираше дека менаџментот активно работи на изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбата, при што, како што беше објавено, поддршка има од банките и клучните деловни партнери.

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

To top