Македонија

ВРЕДИ: Обвинението против Груби ја разбранува ДУИ

Од она што Артан можеби ќе го открие ќе зависи кој ќе биде жртвуван

 

 

Обвинението против Артан Груби  ги разгоре внатрешните политички пресметки во ДУИ, оценува ВРЕДИ, поставувајќи прашање дали актуелните случувања имаат врска со најавите на Али Ахмети за повлекување од активната политика.

Судењето против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

„Али Ахмети предупредува на повлекување од активната политика. Наводно, сака да се повлече, но неговите сопартијци нема да му дозволат.

Долго време велиме дека Артан Груби е „црната кутија“ на ДУИ и дека многу пресметки и случувања во оваа партија зависат од неговото присуство или отсуство“ .

Од ВРЕДИ велат дека Ахмети најавува повлекување, но истовремено се создава впечаток дека неговите сопартијци не сакаат да замине. Според нив, токму случајот со Груби дополнително ја усложнува состојбата во партијата.

Оттаму додаваат дека подолго време го опишуваат Груби како „црна кутија“ на ДУИ, оценувајќи дека неговото присуство или евентуалното сведочење може да влијае врз повеќе внатрепартиски односи и политички процеси.

ВРЕДИ во реакцијата го посочува и Бујар Османи, за кого тврди дека преку јавни настапи отвора прашања и теми кои директно или индиректно водат кон Груби.

Посебно ја издвојуваат и улогата на Ислам Абази во идните случувања во ДУИ. Според ВРЕДИ, во партијата се обидуваат да создадат впечаток дека ситуацијата е под контрола, иако, како што оценуваат, работите одамна им излегле од раце.

Од ВРЕДИ сметаат дека информациите што Груби би можел да ги открие во текот на постапката ќе имаат значење за тоа кој би можел да понесе политичка одговорност.

„Од она што Артан можеби ќе го открие ќе зависи кој ќе биде жртвуван“, велат од ВРЕДИ, оценувајќи дека за Али Ахмети и ДУИ допрва следува тежок политички период.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top