Хроника

Груби се соочува со долгогодишна затворска казна ако биде осуден за виновен

Максималната казна затвор предвидена за делото за кое е обвинет поранешниот прв вицепремиер Артан Груби изнесува 10 години затвор

 

Основното јавно обвинителство Скопје кое поднесе обвинение против него и уште седум лица за случајот „Државна лотарија“ екс премиерот го гони за дело за кое може да добие максимална казна од 10 години затвор.

 

Сите осомничени се гонат како соизвршители (согласно член 22 соизвршителство) за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5, во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

По низата правни превирања и измени во Кривичниот законик во изминатите години, законската рамка дава можност за казна од 48 месеци до 120 месеци затвор.

Распон на казната за кривичното дело од член 353 став 5, кое се однесува на злоупотреби при јавни набавки или кога е нанесена штета на средствата од Буџетот во големи размери е најмалку 4 години. Максималната пропишана казна сега изнесува 10 години затвор.

Според пријавата има јасна поврзаност на ставовите 1, 4 и 5 од членот 353 и членот 22.

Ставот 1 од членот 353 го дефинира основниот облик на делото каде службеното лице ја искористува својата положба за да прибави корист или да нанесе штета.

Ставовите 4 и 5 од истиот член го квалификуваат делото како потешко поради причинување на имотна штета или лична корист во големи размери поврзани со буџетски средства и јавни набавки.

Од друга страна член 22 од Кривичниот законик го уредува соизвршителството, што значи дека сите вклучени лица кои заеднички учествувале во извршувањето на делото се соочуваат со истата казнената рамка предвидена за тоа дело.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top